Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе ја тужи градоначалничката Данела Арсовска

 

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска најави тужба за скопската градоначалничка Данела Арсовска. 

-Нема да дозволам Универзална сала да биде дел од политичко препукување и дел од изборната агенда на Арсовска, изјави денеска министерката.

Според неа, обвинувањата дека таа знаела за пожарот но не пријавила веднаш се само измислена приказна. 

-Таа самата детално ќе објасни во тврдењата за мене. Изгледа добро и оди со судски тужби. Ако сака да биде обвинител и истражител, нека повели. За клеветите ќе се видиме на суд. Не само што покажа негрижа за градот и немање слух, туку покажа и дека единствениот начин со неа е само преку суд, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Сепак таа не сакаше да ги коментира причините за пожарот. Вели, истрагата се уште трае и истражните органи се тие што ќе треба да кажат како се запали Универзалната сала.

Министерката вели дека Универзална сала е осигурана и ќе им биде вратена на граѓаните.

-Универзална сала не е личен имот на Данела Арсовска. За објектот одлучуваше Советот на Град Скопје. Ако тие одлучат, тогаш тоа е процес на кој што не можеме да влијаеме, заклучи министерката.

Посочувајќи дека Град Скопје предупредил дека проектот не обезбедува безбедна изградба, Арсовска вчера вели дека иако се сопственици на објектот, не биле информирани за отпочнување на градежните активности на концертната сала. По тврдењата на надлежните дека објектот е осигуран и штетата ќе биде покриена, градоначалничката бара одговор каде, кога и од кого е осигуран проектот и на која вредност.

Обраќајќи се пред новинарите на вчерашната прес-конференција, Арсовска рече дека е нејасно зошто министерката за култура ако дознала за пожарот пред 9 часот, истиот не го пријавила и зошто ако работниците и инженерката на фирмата се обидувале да го гаснат пожарот и откако не го локализирале, не пријавиле и не побарале помош од Противпожарната бригада на Град Скопје, каде многу подоцна е пријавен пожарот од страна на случаен минувач.

17.04.2024 - 11:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега