Временските услови денеска ќе бидат релативно поволни, но не и целосно стабилни. Наизменичните сончеви и облачни периоди може да предизвикаат непријатност кај почувствителните граѓани поради честите флуктуации на температурата и воздушниот притисок.
Хроничните пациенти, особено оние со кардиоваскуларни и респираторни проблеми, може да почувствуваат замор, притисок во градите или отежнато дишење. Кај метеоропатите можна е појава на главоболка, несоница и зголемена нервоза.
На лицата со низок крвен притисок им се предвидува поспаност и пад на концентрацијата, додека на оние со висок притисок им се советува избегнување стрес и тежок физички напор. Постарите лица треба да бидат умерени со престојот на отворено и да избегнуваат нагли температурни промени.
Возачите се советуваат на дополнителна претпазливост поради намалената концентрација. Генералниот впечаток е дека денот ќе помине без поголеми проблеми за мнозинството, доколку се конзумираат доволно течности и лесна храна.


