Тина Хајнс поминала низ она што многумина го сметаат за невозвратно патување. Во февруари 2018 година, нејзиното срце престанало да чука цели 27 минути. Додека лекарите и нејзиниот сопруг се бореле за нејзиниот живот, таа, според нејзиното сведоштво, била „на друго место“.

Шокот за семејството и медицинскиот персонал настанал во моментот кога Тина се освестила во болницата. Иако не можела да зборува, нејзините раце трепереле барајќи хартија и пенкало. Со последната сила ја напишала пораката која отвори дебата низ целиот свет: „Вистинска е“.

„Почувствував мир и спокојство што не се опишуваат. Го видов Исус во заслепувачка светлина со раширени раце. Боите беа неверојатни. Морав да им кажам на сите дека рајот е вистински“, вели Тина по нејзиното чудесно закрепнување.

Exit mobile version