Бил позитивен на ковид, ама излегол од дома и со остар предмет нападнал вработен во обложувалница - ќе одговара кривично

Кривична пријава доби 43 годишен стружанец поради прекршување на решението за задолжителна изолација и напад со остар предмет на вработен во обложувалница, соопштија денеска СВР Охрид.

Според информацијата, ОВР Струга поднела кривична пијава против С.Р.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“.

– Лицето на 27 септември годинава и покрај забраната за движење и задолжителна изолација по издадено решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, се упатил во спортска обложувалница во Струга и со остар предмет физички го нападнал вработениот во објектот, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

03.12.2021 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега