Бил Гејтс по разводот сам во вила со 18 бањи: Тагувам, како и таа

 

Милијардерот Бил Гејтс во интервју за „The Sunday Times“ проговори за приватниот живот и детали од бракот и разводот со Мелинда.

-Секој брак, кога децата заминуваат од дома, поминува низ транзиција. Мојот за жал мина низ транзиција која се вика развод. Но, од мој аспект тоа беше одличен брак. Не би го менувал. Не би одлучил да се оженам за некоја друга, вели Гејтс.

Открива дека најтешко му било кога децата заминале од куќата. Најмладата ќерка заминала на колеџ, па сега нивната вила во Сиетл со 18 бањи е празна.

-Ја имам оваа преубава куќа која е погодна за големи дискусии. Но најголем дел од времето изгледа преголемо. Јас сум само мала личност. Ми недостасуваат нередот и вревата. Не работам многу домашни работи, но во нормалните денови секогаш миев садови бидејќи сум добар во тоа, а некое од децата ми помагаше, вели Гејтс,

За односот со Мелинда по разводот, вели дека е среќен што се уште може да работи со неа и понекогаш да се видат.

-Имаме супер важен, слижен близок однос на кој одлучивме заедно да работиме. И многу сум среќен што почнавме заедно да работи. Заедно ја изградивме Фондацијата, имаме три неверојатни деца. Тагувам како и таа. Ние пораснавме заедно. Кога се оженив Мајкрософт беше голема работа. Но јас бев млад 38 годишник, а таа зрела 28 годишна. Многу направивме заедно, вели милијардерот.

Признава дека со Мелинда било прилично лесно да се договори за распределбата на имотот и парите.

02.05.2022 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега