Бил Гејтс: Пандемијата го запре напредокот во борбата против сиромаштијата и болестите

Пандемијата од коронавирус го запре 20-годишниот напредок во борбата против сиромаштијата и болестите, смета коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Извештајот од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, објавен во вторникот, покажува дека речиси во секој индикатор светот назадува во обидите за исполнување на целите на ОН за одржлив развој – да се стави крај на сиромаштијата и да се намали нееднаквоста.

Екстремната сиромаштија се зголеми за 7 отсто поради пандемијата, се наведува во годишниот извештај на фондацијата.

Покриеноста со вакцини – мерило за функционирање на здравствените системи – падна на ниво последен пат видено во 1990 година, „враќајќи го светот околу 25 години за 25 недели“.

Податоците исто така покажуваат дека економските последици од пандемијата ја засилија нееднаквоста, посебно за жените, расните и етничките малцинства. Луѓето кои живеат во услови на екстремна сиромаштија посебно се тешко погодени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега