Бил Гејтс: Лудачки и злонамерни теории на заговор за мене кружат на социјалните мрежи

Основачот на „Мајкрософт“ и голем американски филантроп, Бил Гејтс изјави дека е затечен од бројката, на како што вели „лудачките и злонамерни“ теории на заговор за него кои се шират на социјалните мрежи додека трае пандемијата на коронавирусот.

Во денешното интервју за британската новинска агенција „Ројтерс“, Гејтс изјави дека би сакал да разгледа што стои всушност зад таквите обвинувања и констатираше дека зад милионските објави на социјалните мрежи против него и доктор Ентони Фаучи, се крие страв од зараза меѓу луѓето, во комбинација со експанзиите на социјалните мрежи.

„Кој би можел да помисли дека доктор Фаучи е мета на такви, злонамерни теории. Многу сум изненаден и се надевам дека тоа ќе престане“, изјави Бил Гејтс.

Меѓу бројните теории на заговор на сметка на Бил Гејтс и Ентони Фаучи најзастапена е дека пандемијата е намерно предизвикана со цел да се воспостави контрола над населението и да се извлече финансиски профит.

Секако, најапсурдна е теоријата дека вакцината против коронавирусот ќе послужи да се вбризга некаков чип во телото на луѓето преку кој ќе се врши надзор и контрола на движењето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега