БиХ: Поради високите температури, работата на отворено е прекината од 12 до 17 часот

Министерството за труд и социјална политика на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска им препорача на работодавците дека поради високата температура на воздухот, да ја разгледаат можноста за прекин на работата на отворено од 12 до 17 часот.

„Доколку работата на работодавецот е организирана така што не може да се примени оваа мерка, се препорачува работниците што работат на отворено да почнат со работа од 6 часот наутро“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува „Срна“.

Во соопштението се посочува дека работодавците треба да им обезбедат на работниците посоодветна облека, приспособена на високата температура, како и користење годишен одмор за вработените со дијагностицирани хронични заболувања.

20.06.2024 - 15:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега