БиХ ги продолжи епидемиолошките мерки

 

Властите во Федерацијата Босна и Херцеговина, како и во Република Српска донесоа одлука за продолжување на повеќето мерки, насочени кон сузбивање на епидемијата на коронавирус.

 

Владата на Федерацијата БиХ денеска го усвои предлогот од Кризниот штаб на Федералното Министерство за здравство за продолжување на тековните епидемиолошки мерки во следните 15 дена, почнувајќи од четврток, 1 јули.

 

И во следните 15 дена во БиХ, кој е еден од двата ентитета во БиХ, треба да се носат заштитни маски во затворено и да се одржува растојание од најмалку два метра. Покрај тоа, маските се задолжителни и на отворено, ако не може да се одржи растојание од два метри.

Во исто време, во Република Српска, Републичкиот штаб за вонредни ситуации ги продолжи досегашните анти-ковид мерки до 15 јули.

Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот на територијата на Република Српска, до 15 јули забранети се сите јавни собири во групи со повеќе од 120 лица, како и сите приватни собири што не се одржуваат на јавно место во групи од повеќе од 70 луѓе.

До 15 јули, работното време е ограничено од 6 до 24 часот за сите видови угостителски објекти за храна и пијалоци, без оглед дали тие работат самостојно или во рамките на други објекти во кои се врши економска активност.

01.07.2021 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега