Close Menu
    Најново

    Би-Би-Си: Крвави сцени од протестите во Иран, безбедносните сили отвориле оган

    09.01.2026 во 22:37

    Да помогнеме: На семејството на Стивен Ивановски му требаат средства за да се покријат погребалните трошоци

    09.01.2026 во 22:25

    ВИДЕО: Новинарка ги соблече чорапите и јакната и ги даде на премрзнато дете во поплавите во Кичево

    09.01.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Би-Би-Си: Крвави сцени од протестите во Иран, безбедносните сили отвориле оган
    • Да помогнеме: На семејството на Стивен Ивановски му требаат средства за да се покријат погребалните трошоци
    • ВИДЕО: Новинарка ги соблече чорапите и јакната и ги даде на премрзнато дете во поплавите во Кичево
    • Недвижностите во ЕУ со силен раст – становите поскапеа за 5,5 отсто
    • Сообраќајна несреќа кај Петровец, на терен итните служби
    • Гренланд и геополитиката: Мелони смета дека военото сценарио е нe e во ничиј интерес
    • Муцунски: Остра осуда за употребата на хиперсонична ракета врз Лвив
    • Медведев ги нападна САД поради заплената на танкер: „Криминален чин“
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Би-Би-Си: Крвави сцени од протестите во Иран, безбедносните сили отвориле оган

    Би-Би-Си: Крвави сцени од протестите во Иран, безбедносните сили отвориле оган

    09.01.2026 во 22:37
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Протести се одржаа на улиците на Техеран и покрај прекинот на интернетот што во Иран трае повеќе од 24 часа и покрај заканувачките СМС-пораки упатени до граѓаните да не учествуваат во демонстрациите, објавува Би-Би-Си.

    Според британскиот јавен сервис, неколку видеа од протестите одржани во четврток навечер прикажуваат луѓе облеани во крв како лежат на улиците на иранската престолнина. Би-Би-Си наведува дека тоа се првите снимки од Техеран што ги добиле по воведувањето на интернет-блокадата и дека на нив се гледаат демонстранти како скандираат антивладини пароли.

    Очевидци изјавиле дека граѓаните во Иран добиваат заканувачки СМС-пораки од Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) и од иранската полиција, со предупредувања да не се приклучуваат на протестите.

    Очевидец од болница во јужен Иран изјавил дека дел од повредените демонстранти биле застрелани во главата, а дека голем број лица со тешки повреди биле примени на лекување.

    Според извештаите и информациите што BBC Persian ги добил од различни градови, нивото на насилство за време на протестите било исклучително високо. Како резултат на тоа, голем број демонстранти биле повредени или убиени откако безбедносните сили отвориле оган врз нив.

    Би-Би-Си објави дека добил две видеа за кои се тврди дека се од синоќешните протести во северниот ирански град Фардис. На снимките, наводно направени околу 21 часот, се гледаат лица погодени со боева муниција, а до десет луѓе лежат на земја, обилно крвавејќи.

    Популарно

    Паднаа четворица дилери, најстариот има 73 години

    07.01.2026 во 13:44

    Викенд најава: Сабота носи снег, недела носи студ и силен ветер

    09.01.2026 во 09:56

    Куманово: 16-годишно девојче со месеци преживувало хорор, 17 насилници ја силувале и ја уценувале

    08.01.2026 во 21:06

    Енергетски колапс во Романија: Над 11.000 домаќинства без струја, екипи со моторни санки и дронови се борат со невремето

    08.01.2026 во 20:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.