БГНЕС: Петков дозволува Македонија да почне преговори со ЕУ, без бугарските услови во предлог-заклучоците

Европскиот совет изготвил документ кој што ја содржи преговарачката рамка за Македонија, како и декларација за одржување на првата Меѓувладина конференција со Скопје, објави БГНЕС. Агенцијата тврди дека имала увид во документот во кој наводно нема ништо од досегашната бугарска позиција за почеток на преговорите.

Како што пишува во објавениот текст, единствено е содржан условот кој што не е дел од Рамковната позиција, а се појави лани и се однесува на вклучување на Бугарите во македонскиот Устав. „Сите останати услови, особено оние поврзани со заедничката историја, со говорот на омраза во учебниците и во медиумите, потоа рехабилитација на жртвите на комунистичкиот режим заради нивното бугарско самоопределување воопшто не фигурираат во предложените заклучоци”, пишува во текстот во кој се додава дека не се предвидува вклучување на бугарските барања во преговарачката рамка што значи дека нема никакви гаранции за исполнување на обврските од страна на Скопје. 

Исто така, наводно има два дополнителни документа чија содржива во моментот е неизвесна. Едниот документ најверојатно е протокол, а вториот, како што пишува БГНЕС, е за „таканаречениот македонски јазик што значи и негово фактичко признавање”. Во документот било напишано дека Бугарија и Северна Македонија ќе имаат еднострани изјави за македонскиот јазик. 

 
17.06.2022 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега