Вчера попладне, околу 14:30 часот, пожарникари од Територијалната противпожарна единица Велес добиле дојава за забележан леш во реката Вардар, во близина на селото Уланци.

Екипата интервенирала со едно возило и двајца спасители, го извлекле телото и го предале на надлежните служби.

Јавната обвинителка Цветанка Богоевска потврди дека се преземени првични истражни мерки, а наложена е обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.

Exit mobile version