Франција воведува доброволен воен рок. Се очекува овој план да придонесе за зајакнување на вооружените сили и растечката закана што ја претставува Русија, објави Политико.

Главната мотивација зад новиот безбедносен план е зајакнување на вооружените сили и одговор на растечката закана што ја претставува Русија, објавува Политико. Проектот не предвидува враќање на задолжителната воена служба, но е креиран со цел обучениот персонал да се насочи кон активните сили или резервниот состав.

Во минатото, идејата за регрутација понекогаш се појавуваше како средство за дисциплинирање на младите или за јакнење на социјалната кохезија. Но според властите, денес приоритетот е јасен – армијата мора значително да се засили.

Слични размислувања имаат и други европски земји, поттикнати од предупредувањата дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде подготвен за напад врз членка на НАТО до 2028 година.
„Франција не е сама во ова размислување за мобилизирање на нацијата надвор од своите распоредени воени сили, а ова е уште порелевантно сега со оглед на јасната руска закана“, изјави Елен Конвеј-Муре, пратеничка од социјалистите и членка на Комитетот за надворешни работи и одбрана на францускиот Сенат.

Exit mobile version