Без вода дел од скопска населба

Поради замена на вентили по шахти на улица „Мите Богоевски“ бб ќе има прекин на водоснабдувањето. 

Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на оваа улица од раскрсницата со „Илија Димовски – Гоце“ до каналот, потоа на „Жорж Бизе“, како и на уличките број 1, 3, 5, 7, 2 и 4 во скопската населба Лисиче.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот, па до завршување на зафатот. 

25.06.2022 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа