Без струја денеска делови од општините Илинден и Петровец

 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, соопшти дека денеска, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Петровец.

· Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од село Марино во општина Илинден ќе немаат струја, а од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од улица 1 во село Катланово и село Тотинци во општина Петровец ќе останат без електрична енергија.

29.11.2023 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа