Без грижа на совест: Намирници кои можете слободно да ги консумирате и во доцните часови
Сите започнуваме со приказната дека нашиот оброк за денот завршува во 18 часот, но некако повеќето од нас се “упатуваат” кон фрижидерот и во доцните часови.
Има ли нешто послатко од јадењето сендвич по 22 часот? Меѓутоа, оние кои ја практикуваат оваа навика често се борат со вишокот килограми.
За да не трпите глад, ви предлагаме да ги консумирате овие 5 намирници кои му одговараат на вашиот организам и во доцните часови:
Темно чоколадо
Иако, неправедно, многу го сметаат за забранета храна, темното чоколадо е лековито! Темното чоколадо содржи најмалку шеќер, придонесува за брзото слабеење, а исто така го враќа нивото на холестерол во нормала.
Супа
Било која топла течност во доцните часови ќе го убие чувството на глад и ќе го смири телото. Доколку не ве задоволува една чаша чај, предлагаме да јадете супа од пилешко или зеленчук.
Бадеми
Бадемите ќе го згаснат чувството на глад, а исто така имаат и корисен ефект врз слабеењето. Ако сакате да јадете нешто ноќе, тоа нека биде една шака бадеми.
Семки од тиква
Наместо чипс или пуканки, најдобро би било пред спиење да изедете една шака семки од тиква. Бидејќи содржат магнезиум, тие благотворно ќе делуваат врз вашиот сон.
Ориз
Доколку пред спиење изедете мала порција ориз, ќе спиете како бебе. Освен што го смирува телото, оризот е одлична опција доколку сте на диета.
Ако се чувствувате многу гладни во вечерните часови, се препорачува прво да испиете една чаша вода, а потоа ако сè уште сте гладни – консумирајте мала количина од горенаведените намирници, но не претерувајте бидејќи полн стомак значи немирен сон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа