Бесими: Отворањето на канцеларија на ЕИБ е доказ за соработката меѓу ЕУ и Македонија
Министерот за финансии на Северна Македонија, Фатмир Бесими истакна дека отворањето на канцеларијата на ЕИБ е доказ за теснатa соработка меѓу ЕУ и Република Северна Македонија во процесот на пристапување во ЕУ.
„Источниот дел од железничкиот Коридор VIII, последната делница Крива Паланка – Граница со Бугарија; проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија”, врз основа на кој веќе ги потпишавме потребните правни документи со ЕИБ, како и продолжувањето на финансиската поддршка со цел финансирање на малите и средни претпријатија со нова кредитна линија, се само еден дел од проектите што ќе се реализираат со поддршка од Европската инвестициска банка. Искрено ја цениме одлуката на ЕИБ да отвори канцеларија во Скопје, на тој начин поддржувајќи ја Владата во унапредување на имплементацијата на Економскиот инвестициски план“, истакна Министерот за Финансии Фатмир Бесими.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа