Беше најубава спортистка во светот: Денеска има 50 години и се уште изгледа како „бомба“ а нејзината ќерка вистинска убавица

Габриела Сабатини, поранешна фантастична тенисерка за која некогаш милиони ширум светот воздивнуваа и ја сметаа за една од најубавите спортистки, неодамна го прослави својот 50-ти роденден, а фотографиите на нејзиниот профил на Инстаграм сведочат дека таа и денес изгледа одлично.

Сабатини редовно објавува на социјалните мрежи и им дава до знаење на поранешните обожаватели декасе уште зрачи со убавина и изгледа како да не влегла во шестата деценија од животот.

 
 
 
View this post on Instagram

Grazie @juventus per questa meravigliosa giornata @paulodybala @edobandini #forzajuve #juvenovara

A post shared by Gabriela Sabatini (@sabatinigaby) on Sep 13, 2020 at 8:25am PDT

За време на својата богата кариера, Аргентинката освои 27 турнири, една титула на УС Опен, но никогаш не се искачи на првата позиција на ВТА-листата. Најдобар пласман во нејзината кариера беше третото место, а истата година таа освои сребрен медал на Олимписките игри во Сеул.

Во финалето, таа беше поразена од Стефи Граф, нејзиниот голем ривал, кој ја надигра во уште две одлични грен слем финалиња. Германката беше подобра од Сабатини во финалето на УС Опен 1988 година, а три години подоцна во финалето на Вимблдон.

Кон крајот на нејзината кариера, таа ја објави својата линија за парфеми, а на Интернет е забележано дека подоцна започнала да се занимава со недвижнини.

Инаку, нејзината ќерка е девојка на фудбалерот Пол Дибала.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега