Беса: Владата се прокламира како проевропска, а се пазари со проруски компании

Актуелната влада на СДСМ-ДУИ-АА, по многу скандали и коруптивни афери, сега го направи следниот чекор кон скандалот од големи размери. Имено, дозволија фирма, која токму за неколкумилионска измама има активна одлука да биде затворена, да ја надгледува изградбата на коридорот 8 и 10Д од „Бектел и Енка“. Лично со свој потпис Груби-Ковачевски ја донеле фирмата „Евро Консалтинг“, се вели во соопштението од БЕСА.

Од партијата додаваат дека да биде оваа катастрофа уште поголема, пред медиумите, покрај Груби и Ковачевски, во одбрана на оваа компанија и нејзиниот контроверзен сопственик со криминално досие, Бранислав Димитриевиќ, застана и министерот за транспорт Бочварски и директорот на Македонија Пат, Рустеми избегнувајќи ги новинарските прашања за кривичното досие на Димитриевиќ , јавно изјавувајќи дека тоа не било важно, туку важно било што поскоро да се заврши коридорот 8 и 10 Д.

Според БЕСА, оваа компанија со руски капитал и сопственик со криминално досие има учествувано во околу 250 проекти кај нас , па затоа јавно прашуваме, зошто оваа Влада се прогласува за проевропска, а пазарот го дели со про- руски компании и нивните криминални водачи. Зошто досега антикорупциската комисија не отвори истрага за доделувањето на овој тендер, особено по промената на правилото од страна на Владата дека на овој тендер може да конкурираат и фирми со негативно годишно салдо.

Во јавноста има многу контроверзни и коруптивни информации во врска со консултанти, надзори итн., кои отворија многу прашања, посебно дека се работи за тежок криминал, со што се загрозува целокупниот проект.

Од БЕСА прашуваат дали не се доволни доказите за обвинителството да отвори случај за фирмата „Електра солушн“ на Андон Ампов, син на Сотир Ампов, која добила лиценца за надзор. Како е можно фирмата на синот да добие дополнителен рок, само за да може да ги донесе документите и да се стекне со право на надзор, а е ќерка на фирма на татко му која пак, предходно за ова беше одбиена поради постоење докази дека има руски капитал. Ако неговиот татко е осомничен дека има руски капитал, тогаш како оваа Влада дозволила и доверила надзор на синот на таткото?!

Движењето БЕСА бара меѓународниот фактор да ја испита оваа сомнителна зделка со рускиот капитал и криминалните сопственици, како и нивната поврзаност со челниците на оваа Влада. Бидејќи во спротивно, коридорот 8 и 10 Д ќе ја има истата судбина како таа на автопатот Кичево-Охрид , кој со години никако да се изгради, се вели во соопштението.

15.03.2023 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега