Беровчанец ограбил викендица, откако го привеле признал дека сторил уште една тешка кражба


Вчера во 18.40 часот во викенд куќа на ул„Туристичка“ во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б.Ч.(36) од Берово.

Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од викенд куќата, од каде одзел повеќе предмети. Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело „тешка кражба“ од друга викенд куќа. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.

По комплетирање на случаите, против Б.Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

29.03.2024 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега