Белами: Свесни сме низ што поминува Македонија и Велс жали со вас
Селекторот на Велс, Крег Белами на прес-конференција рече дека е свесен за ситуацијата во која се наоѓа Македонија и испрати сочувство до семејствата на жртвите во пожарот во импровизираната дискотека во „Пулс“ во Кочани.
-Прво сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите во трагедијата во Македонија. Знаеме низ што поминува земјата и целиот народ, ние во Велс сме имале многу трагедии, па сакам во името на целиот Велс да кажам дека жалиме со вас поради ситуацијата. Тешко е во ова време да се зборува за фудбал. Македонија е голем предизвик. Ми се допадна нивниот меч против Хрватска, контрите им се силна страна, утрешниот меч ќе биде интересен, вели Белами.
Фудбалерот Пит Дејвис исто така ги пофали контрите на македонската репрезентација.
-Како тим разговаравме за ситуацијата во Македонија и покажавме голема почит. Ние имавме добар старт на квалификациите, победивме против Казахстан, но имаме работи кои треба да ги поправиме и се надевам дека ќе одиграме подобро во Скопје. Ја анализиравме Македонија, имаат добар тим кој има добри контри, изјави Дејвис.
Натпреварот помеѓу Македонија и Велс се игра во терминот од 20:45 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа