Бектеши уверува дека инфлацијата нема да ги шокира граѓаните: „Можно е намалување на цената на струјата“
Првиот човек во Министерството за економија, Крешник Бектеши во интервју за ДВ уверува дека инфлацијата веќе нема да ги „шокира“ граѓаните. Инспекторите ќе ги „дисциплинираат“ трговците да нема злоупотреби, вели тој.
„Нема да има драстично зголемување на цената од 1 јануари, можни се и поместувања во надолна линија. Сѐ зависи од тоа што ќе утврди Регулаторната комисија откако ќе се направат соодветните анализи и проекции и, адекватно на тоа, ако е потребно ќе биде донесена соодветна одлука од страна на Владата. Согласно нашите проекции и разговорите што ќе ги имаме во Економскиот совет, можам да кажам дека кризата нема да биде на товар на граѓаните, на домаќинствата и на малите потрошувачи. Што и да се случи со производството на ЕСМ, што и да се случи во енергетскиот систем, граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од она што моментално плаќаат. Јас ги имам пресметките колку би можела да изнесува таа и тврдам дека зголемувањето нема да биде на товар на граѓаните“, изјави Бектеши одговарајќи на новинарско прашање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа