Бектеши: Расте поддршката на ДУИ

Министерот за економија Крешник Бектеши гостуваше во „360 степени“ на „ТВ Алсат“ и кажа дека не се сложува со т.н. „огнена група“ во ДУИ.

Бектеши смета дека поддршката за ДУИ се зголемува, а тоа го покажале анкетите.

„Ги гледаме анкетите кои беа објавени и може да забележиме дека е зголемена поддршката за ДУИ на национално ниво. Тие покажуваат дека ДУИ е неприкосновена прва партија во албанскиот блок. Мојот став е како мнозинството членови на ДУИ и лидерот Али Ахмети“, вели Бектеши.

30.09.2022 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега