Бектеши: Пратениците да го усвојат законот за заштита на потрошувачите

 Пратениците на првата собраниска седница да го усвојат законот за заштита на потрошувачите за да се овозможат поригорозни мерки за трговците кои ја користат кризната ситуација за воено профитерство и манипулации, апелира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши даде одговор на новинарско прашање за тоа зошто трговците постојано ги покачуваат цените и покрај замрзнатите маржи. 

-Очекувам и ги молам пратениците на првата собраниска седница да го усвојат законот за заштита на потрошувачите кој веќе 2,5 месеца е во процедура. Тогаш ќе се зголеми можноста на инспекциите да преземат поригорозни мерки за тие што го користат моментот за воено профитерство и прават манипулации со клинетите и потрошувачите, рече Бектеши.

16.08.2022 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега