Бектеши: Нема да преговараме со Грција, сакаме нашите туристи да останат дома

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска рече дека македонската влада нема да преговара билатерално со грчката влада, по примерот на српската, бидејќи Македонија не сака да ги загуби домашните туристи за летната сезона.

- Што се однесува до преговорите со Грција, ние директно не преговараме со грчката влада, имајќи во предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Северна Македонија, како што е целта на Министерството за економија и за тоа ќе продолжиме да спроведуваме мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации, рече Бектеши.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2021 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега