Бектеши: Нема да купуваме гас од Србија, туку ќе имаме размена на енергенси

Министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на „ТВ Алсат“ вели дека не планираат да купуваат гас од Србија, туку се зборува за размена на енергенси.

„Не зборуваме за купување или продажба, туку за размена. Ние како држава имаме интерес да добиеме гас со пониска цена зашто ќе имаме пониска цена и за топлинска енергија, но и за електрична која можеме да им ја понудиме на граѓаните, а дел и на Србија“, вели Бектеши.

Бектеши претходно кажа дека струјата има можност да не поскапи ако ЕСМ го реализира планот.

30.09.2022 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега