Бектеши: Ќе има договор само ако Бугарија прифати 200 евра за мегават/час
Министерот за економија Крешник Бектеши утре ќе патува со претседателот Стево Пендаровски за Бугарија, а вечерва гостуваше во емисијата „360 степени“ на „ТВ Алсат“.
„Доколку Бугарија се согласи да ја прифати нашата понуда за откуп на електрична енергија по 200 евра за мегават/час, тогаш ќе имаме договор“, вели Бектеши.
Ако не се случи тоа, туку бараат цена како на берзата, Бектеши вели дека нема да се согласат и ќе продолжат со домашните капацитети.
30.09.2022 - 23:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа