Бектеши: Ја поддржувам одлуката на РКЕ за нов модел за цената на струјата

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва гостуваше во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма“ и кажа дека ја поддржува одлуката на РКЕ за да оди со нов модел за утврдување на цената на струјата.

Бектеши вели дека сегашниот модел не е одржлив затоа што дури 80 отсто од потрошувачката се субвенционира од државата.

„Ако просечната цена во првите шест месеци била 200 ера, нашата претходна одлука за првите шест месеци од 2021 година беше 41 евро, што е 20 отсто од вкупната цена на пазарот. Оваа година обврска на ЕСМ не беше 100 отсто да ги покрива потребите на унверзалниот снабдувач, туку беше 65 отсто. Сепак, со одлука на Владата за да нема зголемување на цената, ние решивме ЕСМ да преземе обврска и да ги покрива со цена која е 41 евро. Ако не беше таа одлука 60 отсто од целата потрошувачка ќе беше по 41 евро, а останатите по пазарни цени. Токму тие 40 отсто ќе имаа големо влијание на цената, која ја утврдува РКЕ“, кажа Бектеши.

09.06.2022 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега