Бектеши и Ковачевски во четврток ќе вршат увид во маркетите: Кој не ги намалил цените, казна до 10 илјади евра

Министерот за економија, Крешник Бектеши во „10 Минути“ на ТВ21 најави дека се спроведува владината мерка за намалување на цените на млечните производи.

Тој рече дека овој четврток со премиерот Димитар Ковачевски ќе излезат на терен да увидат како оваа мерка се спроведува во пракса.

„Забележавме дека почнаа да ги намалуваат цените, врз основа на одлуката на Владата. Но, намалувањето на цената треба да се случи на 16 март, четврток. Во четврток јас заедно со директорот на Пазарниот инспекторат и верувам дека премиерот ќе излеземе на терен и каде ќе ги направиме соодветните проверки. И претходно повторивме дека оние кои нема да ја спроведат одлуката на Владата, донесена врз основа на детални анализи, сигурно ќе бидат казнети врз основа на Законот за трговија, казни кои ќе одат и до 10 илјади евра“, рече Бектеши.

 

Тој додаде дека за предупредувањето дека се очекува намалување на цените на јајцата, шеќерот и оризот, анализите се очекува да завршат до крајот на оваа недела. Во ова намалување беше вклучена и можноста за воведување и други производи што можат да ги користат граѓаните, како што се средствата за хигиена.

14.03.2023 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега