Бектеши го впери прстот кон ССМ: Четиричлено семејство може да преживее со 43.000 денари, не му требаат 50.000 денари

 

Министерот за економија Крешник Бектеши бара состанок со Сојузот на синдикати на Македонија бидејќи, како што вели, направена е грешка во пресметката на минималната синдикална кошница која ССМ ја објавува секој месец.

Според Бектеши, таа не надминувала повеќе од 43.000 денари.

-Утврдено е од нашите соработници и моите советници дека има грешка во утврдувањето на минималната синдикална кошница. Што значи грешка? Можеби е ненамерна, можеби е и техничка грешка. Минималната синдикална кошница во нашата држава не е 50.000 денари, но не надминува 43.000 денари согласно методологијата којашто била претходно. Значи, двапати се вкалкулира инфлацијата од август, па наваму во методологијата и сите елементи од претходната методологија, рече Бектеши.

Додаде дека Владата е посветена на зголемување на платите и ќе креира нови мерки со цел кризата да не падне целосно на товар на граѓаните.

Според последните податоци од ССМ, минималната синдикална кошница за едно четири члено семејство за месец февруари изнесува 50.909 денари. Најголем удел во овие трошоци имаат храната и пијалоците со дури 44,42% или 19.379 денари. Потоа, влегува домувањето кое учествува со 30,5%, или 13.306 денари.

16.03.2023 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега