Барселона повторно е под истрага на Обвинителството

Шпанското обвинителство покрена истрага за исплата на околу 1,4 милиони евра од Барселона на компании во сопственост на потпретседателот на судиската комисија на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) во периодот од 2016 до 2018 година.

Барселона соопшти дека е запознаена со започнатата истрага, како и дека уплатите на сметката на компанијата во сопственост на Хозе Марија Енрикез Негреира, кој беше и потпретседател на судиската комисија, се направени за услугите на надворешен консултант кој направил технички извештаи поврзани со професионални судии, што е вообичаена практика на професионалните фудбалски клубови.

Поранешниот претседател на Барселона, Џосеп Бартомеу изјави дека клубот претходно плаќал за слични услуги, 575.000 евра годишно од сезоната 2009/10. до 2018 година, кога ваквата практика беше укината поради недостиг на средства.

Техничката комисија за судии (CTA) објави дека Негреира нема официјална улога во организацијата од 2018 година и дека ниту еден активен судија или член на CTA не може да дава какви било услуги што би ги ставиле во конфликт на интереси.

Самиот Негреира изјави дека неговите совети се чисто вербални и се однесуваат само на однесувањето на играчите кон судиите. Тој негираше дека ја фаворизирал Барселона во какви било дискусии или одлуки.

16.02.2023 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа