Бајрами: Мерката на Владата за отпис на долгови може да се смета за поткуп
Членот на Антикорупциската комисија, Нури Бајрами вели дека мерката на Владата за отпис на каматите на долгови е проблем и може да се смета за поткуп.
Тој во гостувањето на ТВ 24 рече дека ваквата пракса секогаш се повторува пред избори.
-Дури и без таа да е намерата. Објективно, не е во ред бидејќи добро треба да се поткрепи кои категории, односно на јавноста мора да и е јасно што се постигнува со тоа. И затоа пред секои избори се повторуваат ваквите работи што според мене, едноставно, значи поткуп. Ништо друго, рече Бајрами.
29.06.2021 - 20:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа