Бајден: Трамп е закана за демократијата

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Доналд Трамп и неговите сојузници се опасна закана за демократијата на Соединетите Американски Држави.

„Нешто опасно се случува во Америка во моментов“, рече Бајден, укажувајќи на неодамнешните закани на Трамп кон американските претставници, пренесува „Voice of America“.

Во говорот во Аризона, тој рече дека историјата ги донела САД во „нов период на искушение“.

„Постои екстремистичко движење кое не ги дели основните принципи на нашата демократија. Движењето „MAGA“ (Make America Great Again), рече Бајден.

Тој додаде дека „нема сомневање“ дека Републиканската партија е усмерувана и заплашувана од екстремисти од движењето „МАГА“.

„Силно верувам дека Уставот ја дефинира нашата демократија. Верувам во слободни и фер избори и мирен трансфер на власта“, рече Бајден.

Портпаролот на Трамп, Стивен Чунг, коментирајќи го говорот на американскиот претседател изјави дека, како што наведе, „радикалните левичарски демократи, сега предводени од измамникот Џозеф Бајден, се најголемата закана со која се соочила Америка досега“.

29.09.2023 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега