Бајден со нов гаф- неколку пати ги помеша Либија и Сирија (ВИДЕО)

Зборувајќи за можноста за соработка со Русија во обезбедувањето хуманитарна помош за земјите погодени од конфликти, американскиот претседател Џозеф Бајден се збуни и ги помеша Либија и Сирија, не еднаш, туку трипати.

Бајден рече дека Соединетите држави можат да работат заедно со Русија во Либија, а потоа рече дека Русија со својата интервенција во Сирија загризала повеќе отколку што може да проголта, после тоа повторно спомнувајќи ја Либија во истиот контекст, наведува „Фокс њуз“.

„Сè додека тие немаат можност да воведат некаков ред во регионот, тоа не може да се направи без да се обезбедат основните економски потреби на луѓето. Па се надевам дека ќе најдеме начин да ги спасиме животите на луѓето, на пример во Либија“, кажа Бајден.

Претставници на Белата куќа подоцна рекоа дека тој мислел на Сирија кога ја споменал Либија, но грешката на Бајден предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

„Претпоставувам дека кога се бомбардираат толку многу земји одеднаш, тешко е сето тоа да се следи“, напиша либанската геополитичка коментаторка, Сара Абдалах.

Макфакс

14.06.2021 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега