Бајден: Путин нема да нè исплаши, ќе го браниме секој сантиметар од Алијансата

Американскиот претседател Џо Бајден кажа дека НАТО не ѝ се плаши на Русија и на рускиот претседател Владимир Путин.

„САД и сојузниците не се исплашени. Ќе го браниме секој сантиметар од територијата. Америка е целосно подготвена“, кажа Бајден.

Бајден притоа го критикуваше Путин и кажа дека насилно сака да преземе територија од Украина, а исто така порача дека САД нема да ги признаат анектираните територии како дел од Русија.

30.09.2022 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега