Бајден на помен на 500.000 жртви на коронавирусот: Камбаните чукаале 500 пати а Белата ќука полна со свеќи

САД оддадоа почит на повеќе од 500.000 смртни случаи од ковид-19, а американскиот претседател Џо Бајден повика на единство во борбата против пандемијата и нареди знамињата низ целата земја да се спуштат на половина копје до петок, поради овој трагичен црн баланс , Пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека со едноминутно молчење и 500 запалени свеќи на скалите на Белата куќа, претседателот Џо Бајден, првата дама Џил Бајден, потпретседателот Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Елмхоф им оддадоа почит на 500.000 Американци кои починаа од коронавирус и ѕвоната на Националната катедрала во Вашингтон, чукаа 500 пати во чест на починатите.

Претседателот Бајден и се обрати на нацијата по повод трагичниот број на жртви и повика на уште поголемо единство на нацијата во борбата против пандемијата.

"Поминавме полошо од која било друга земја и сме многу развиени и богати. Имаме 500 000 жртви. Тоа е неверојатна бројка", изјави водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи за телевизиската мрежа АБЦ, според агенцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа