Бајден ја укина контроверзната одлука на својот претходник

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден ја поништи контроверзната одлука својот претходник, Доналд Трамп за забрана трансродовите лица да служат војска ако им е потребен лекарски третман.

Бајден во присуство на министерот за одбрана Лојд Остин и началникот на Генералштабот на американската војска, Марк Малиј го потпиша указот со кој сите Американци квалификувани да служат во вооружените сили на САД тоа да можат да го сторат.

Претходниот претседател Трамп во 2017 година воведе забрана трансродовите лица да служат војска поради огромните лекарски трошоци.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега