Бајден ја предизвика војната во Украина: Трамп со нови обвинувања

 


Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини неговиот претходник Џо Бајден за конфликтот меѓу Русија и Украина, нагласувајќи дека непријателствата никогаш немаше да се случат под негово водство.

„Не гледам како една земја во позиција на Русија би можела да им дозволи, само во нивната позиција, да им дозволи влез во НАТО. Не гледам дека тоа ќе се случи“, рече американскиот претседател во четвртокот, пренесуваат медиумите во регионот.

„А долго пред претседателот Путин, Русија беше многу силна во тоа. Верувам дека тоа е причината зошто започна војната, бидејќи Бајден излезе и рече дека можат да влезат во НАТО, а тој не требаше да го каже тоа“, рече Трамп.

Да потсетиме дека лидерите на земјите-членки на НАТО никогаш не и ветиле на Украина дека ќе стане членка на Алијансата доколку склучи мировен договор со Русија, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

„Мораме да се погрижиме (рускиот претседател) Владимир Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина, тоа е клучно но никогаш немаше ветување за Украина дека ќе стане дел од НАТО како дел од мировниот договор“, изјави Руте за новинарите, пренесе Ројтерс.

14.02.2025 - 09:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега