Бајден ја осуди Русија: Референдумите во Украина се апсолутна измама

 

Претседателот на САД, Џо Бајден вети денеска дека Соединетите држави никогаш нема да ги признаат руските територијални претензии во Украина, а Вашингтон подготвува нов круг санкции против Русија поради организирањето на референдумите во четирите југоисточни украински региони во кои е доминатно руското и рускојазичното населени и се под контрола на сепаратистичките и руските сили, кои Западот ги оцени за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Тој им се обрати на челниците на пацифичките островски земји и притоа ги осуди референдумите во Украина како „апсолутна измама“, тврдејќи дека резултатите – кои покажаа дека огромно мнозинство над 90 отсто од оние кои гласале во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се за присоединување на Русија – се „измислени во Москва“.

„Сакам да бидам многу јасен во врска со ова, САД никогаш, никогаш, никогаш нема да ги признаат руските барања на украинската суверена територија“ – рече Бајден.

30.09.2022 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега