Бајден и Зеленски потпишаа десетгодишен безбедносен договор

Џо Бајден и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпишаа десетгодишен билатерален договор на самитот на земјите од Групата седум кој се оддржува во Италија. Гаранциите за Украина ќе бидат исти како оние за Израел, покривајќи ја финансиската и воената помош, како и можноста за заедничко производство на оружје.

Украина од почетокот на војната потпиша 15 билатерални безбедносни договори со голем број земји – од Обединетото Кралство, Франција и Германија до Италија. 

Претходно, лидерите на Групата седум договорија заем од 50 милијарди долари за Украина користејќи замрзнати руски средства. 

14.06.2024 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега