Бајден го нарече Трамп „Џорџ“ а сега се огласи и претедателот на САД: Картелот за лажни вести работи прекувремено за да го покрие ова

Демократскиот кандидат за претседател на изборите во Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, се чини го заборави името на неговиот републикански ривал и сегашен претседател Доналд Трамп.

Бајден во присуство на неговата сопруга Џил, им се обрати на гласачите и рече дека „мора да спречиме уште четири години Џорџ“.„Уште четири години Џорџ, овој Џорџ - и ќе се најдеме во позиција каде што ако биде избран Трамп, ќе бидеме во поинаков свет“, рече Бајден.

Додека зборува, сопругата до него двапати ја отвора устата кога Бајден ќе рече „џорџ“, па некои претпоставуваа дека можеби му шепнала „Трамп“ „Трамп“.

Видеото насмеа многумина, па луѓето дебатираа дали Бајден го збуни Трамп со Џорџ  Буш младиот или Џорџ  Буш стариот. Тие се републиканци и поранешни претседатели на Соединетите држави.

Грешката на Бајден секако не му промакна на Трамп.

„Џо Бајден вчера ме нарече Џорџ. Не можеше да се сети на моето име.Доби мала помош од водителот да го заврши интервјуто.Картелот за лажни вести работи прекувремено за да го покрие ова“ напиша Трамп на Твитер.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега