Бајден: Ако Трамп загуби и одбие да се повлече, ќе има реакција од Американците

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден изјави денеска дека Американците нема да молчат доколку актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп изгуби на изборите и одбие да се повлече.

Тој ова го изјави за време на кампањата во Охајо, еден ден откако Трамп во првата нивна меѓусебна дебата, повторно одби да каже дали ќе ги прифати резултатите од ноемвриските избори.

Бајден истакна дека „претседателот ќе се повлече”, оти американскиот народ нема да го толерира спротивното.

– Американските граѓани ќе одлучат кој ќе биде следниот претседател. Точка, заклучи Бајден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега