Бабовски: Граѓаните јадат безбедно овошје и зеленчук, нема потреба да се грижат, се е здраво

Целиот процес на работа се одвива нормално. Увозот и извозот на прехранбени продукти се одвива тековно, секако како што налага ситуацијата. Нема рестрикција на вработени, луѓето професионално си ја работат работата, изјави во Утрински брифинг Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

„Секојдневно се вршат испитувањата во маркетите, пиљарите, се врши редовна контрола и никогаш не бил бројот на мострите земен да повеќе од десет мостри имаат некави минимални количини на резидуи кои не се опасни по здравјето на луѓето. Се контролираат и магацините за чување на овошјето и зеленчукот, дистрибутивните центри и преработувачките капацитети. Прометот со овошје и зеленчук дополнително се контролира во рамки на инспекциските контроли на мешовитите продавници, кои вклучуваат и трговија со овошје и зеленчук и преработки од нив. Така што одговорно тврдам дека се она што е во нормална продажба е здраво и нема потреба граѓаните да се грижат, дали внесуваат, како што напиша еден портал, отрови дома. Тоа е далеку од вистината“, изјави Бабовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега