Славка Стефановиќ од селото Трњане во Србија, е најстариот жител на општината Алексинац со свои 102 години.
Родена е на Свети Сава на 27. Јануари далечната 1924 година, а целиот свој живот го поминала со семејството, сега веќе опкружена со внучиња, правнучиња и чукунвнучиња.
-Постојано се работеше, пченица, копање, нива…немало работа која не сум ја работела, вели баба Славка за српските медиуми.
Се омажила многу млада, на само 19 години, за својот сопруг Живомир Стефановиќ. Бракот не бил по нејзина желба, но заедно граделе дом и семејство. Додека тој работел во Ниш, таа се грижела за куќата, нивата и децата.
Израснала две ќерки, го надживеала сопругот но и двете ќерки, а денес има многу внуци, правнуци и чукунвнуци кои се брижат за неа.
Животот не ја мазел воопшто, поминала војни, сиромаштија и тешки животни битки и смрт.Имаше и убаво и лошо, но се поминува, животот оди понатаму, вели таа.
Нејзината снаа Сузана, вели дека Славка е во добра општа состојба и покрај годините.Слабо слуша, но не е сенилна ниту дементна. Одлична меморија има и многу е остроумна, а пред спиење секогаш се моли за своето здравје и за најблиските, вели снаата.
Вели не водела многу грижа за здрави навики и пушела од 12тата година. Јадела се, а најмногу сака пиперки.
Со децении, секогаш практикувала дневен одмор, секогаш спиела после ручекот, па можеби тоа е тајната на нејзината долговечност.
Вели најважно е само да се сите живи и здрави.

