Баба и дедо со „мерцедес“ излетале од коловозот - тешко се повредени

 

Повредени 79 годишен возач и 78 годишна сопатничка откако со возило излетале од коловозот.

- На 01.06.2023 во 14.30 часот било пријавено дека на клучка од експресен пат Кочани –Три чешми и излез од експресен пат кон ТИРЗ Штип, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(79), во кое сопатничка била А.В.(78), двајцата од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешка телесна повреда, а А.В. со телесна повреда, констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

02.06.2023 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега