Close Menu
Press24
    Најново

    Роберт Голоб прогласи победа во Словенија

    22.03.2026 во 23:41

    Малолетници со чашка во рака – Полицијата упадна во 12 угостителски објекти во Аеродром, 3 ќе се соочат со кривични

    22.03.2026 во 22:50

    Муцунски во дводневна посета на Брисел – Клучни средби со Марта Кос и европските челници за иднината на македонските евроинтеграции

    22.03.2026 во 22:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Роберт Голоб прогласи победа во Словенија
    • Малолетници со чашка во рака – Полицијата упадна во 12 угостителски објекти во Аеродром, 3 ќе се соочат со кривични
    • Муцунски во дводневна посета на Брисел – Клучни средби со Марта Кос и европските челници за иднината на македонските евроинтеграции
    • Среќни вести: Костадинов ќе стане татко, познат полот на бебето и името
    • Хаос на границите од утре: Транспортерите од регионот повторно ќе блокираат гранични премини
    • Разбојништво во Скопје: Вооружено лице за еден час нападна продавница, обложувалница и казино
    • Хаос на патиштата – Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување, дури осуммина немале ниту возачка дозвола
    • Ја фрлил сопругата по скали – Семејното насилство во Македонија не стивнува
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Азески панелист на Копаоник бизнис форум

    Азески панелист на Копаоник бизнис форум

    02.03.2026 во 09:233 Mins Read
    ФОТО: Стопанска комора на Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Копаоник бизнис форум, кој се одржува од 1 до 4 март, го става фокусот на теми што го обликуваат современиот глобален и регионален контекст. Дискусиите опфаќаат индустриска политика и конкурентност, инвестиции и пазар на трудот, дигитална трансформација и одржлив развој, во присуство на лидери од бизнисот, академската и политичката сцена од регионот, како и меѓународни експерти од различни области.

    Централна тема на Форумот е „Индустриската политика во функција на долгорочниот економски раст на Србија“, се наведува во соопштението од Стопанската комора на Северна Македонија.

    Претседателот на Стопанската Комора Бранко Азески, денеска (2 март 2026 година), е панелист на тема: ЗАЕДНО НАПРЕД: РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, со претседателот на Стопанска комора на Србија Марко Чадеж, проф. Дејан Микеревиќ, Економски факултет, Универзитет во Бања Лука, Горан Пекез, директор за корпоративни работи и комуникации за Западен Балкан, Давид Пиегазки, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и Небојша Шапониќ, коосновач, НЕЛТ Груп. Со својата сериозна експертиза и активно учество, Азески ќе понуди и поттикне значаен дијалог за актуелни теми коишто ја обликуваат економската слика во регионот, во услови на големи неизвесности на глобален план.

    Во рамки на активностите на Копаоник, претседателот Азески ќе учествува и на настанот во организација на компанијата „Експо 2027“, под наслов „Експо 2027 под лупа: најголема шанса или најскапа илузија на Србија“. Идејата е преку отворен разговор да се дискутира со бизнис претставниците, но и со компанијата „EXPO 2027“ и компании кои имаат искуство со учество на светски изложби, за можностите, предизвиците и, пред сè, реалните економски ефекти од „Експо 2027“, како основ за согледување – дали и на кој начин Србија преку оваа глобална платформа, но и стопанството во државата, може да бидат активни учесници во процесот, а не пасивен набљудувач.

    На бизнис форумот, којшто според учесниците и големината на одзивот веќе долго време го носи епитетот на регионалниот, Балкански ДАВОС, ќе се дискутира за актуелни теми: макроекономски политики, дигитална економија, креативни индустрии, вештачка интелигенција, регионална соработка, инфраструктура, инвестиции, иновации, банкарство и осигурување, земјоделство, зелена транзиција, здравство и образование. Но секако и за моменталните случувања во светот кои имаат силно влијание на економските текови.

    Бизнис форумот во Копаоник е настан од висок профил. Повеќе од три децении, Форумот привлекува значителен број учесници од целиот регион. Партнерството со Мастеркард (Mastercard), обезбедува дополнителна поддршка, придонесувајќи за поголема видливост и подобрување на квалитетот на овој важен настан со 35 панел дискусии. Форумот е организиран од Алијансата на економисти на Србија под директно водство на претседателот на српското здружение на економисти Александар Влаховиќ, а покрај учесниците на Копаоник бизнис форум присуствуваат и шефови на држави, премиери и министри, високи претставници на регулаторни тела, претставници на меѓународни финансиски институции, научници, дипломати, деловни практичари и медиуми.

    Популарно

    Роберт Голоб прогласи победа во Словенија

    22.03.2026 во 23:41

    Малолетници со чашка во рака – Полицијата упадна во 12 угостителски објекти во Аеродром, 3 ќе се соочат со кривични

    22.03.2026 во 22:50

    Муцунски во дводневна посета на Брисел – Клучни средби со Марта Кос и европските челници за иднината на македонските евроинтеграции

    22.03.2026 во 22:42

    Среќни вести: Костадинов ќе стане татко, познат полот на бебето и името

    22.03.2026 во 22:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.