Азербејан: Уништивме 200 тенкови и оклопни возила на ерменската армија

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека најмалку 200 тенкови и оклопни возила на ерменската армија биле уништени за време на четиридневните судири, јави агенцијата Анадолија.

 

– Уништени се и 228 топовски и ракетни системи, 30 системи за противвоздушна одбрана, шест командни зони и набљудувачки пунктови, пет складишта за муниција, 110 воени возила и еден ракетен систем С-300″, се наведува во соопштението.

Ерменските сили изведоа нови напади врз азербејџанските населби и позиции во неделата наутро, а азербејџанските сили одговорија со напади врз ерменските позиции. Ерменските власти викендот прогласија општа мобилизација и воена состојба поради конфликтот во регионот на Нагорно Карабах, а азербејџанските власти, исто така, прогласија воена состојба за 19 области, вклучувајќи го и главниот град Баку.

Од 1991 година, ерменската армија незаконски го окупира Нагорно-Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан. Четири резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупаторските ерменски сили од Нагорно-Карабах и седум други окупирани азербејџански региони.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега