Автомобилот смачкан, нашата пејачка неутешна - полицијата објави видео од местото на загинувањето на нејзиниот син

 

Веста за смртта на синот на нашата фолк пејачка која е позната и во соседна Србија каде и живее Сузи Анѓелковиќ, Робертино Илиевски ја потресе речиси целата јавност во двете држави.

Имено пејачката објави фотографија вчера на социјалните мрежи каде со зборовите „зошто сине, зошто“ се прости од него.

Инаку претходно иако сите се прашуваа која е причината за неговото прерано заминување, српската полиција објави детали.

Младото момче Робертино Илиевски (24) од Македонија се забил во дрво со својот автомобил, а починал во болницата во Ниш.

Синот на пејачката бил донесен во болница со тешки повреди на главата и градниот кош, но имал и други повреди по телото. Реанимиран е дури 45 минути, но за жал поради тешките повреди тој починал во 23:45 часот.

-Слушнавме силен удар, кога излеговме од куќата видовме како автомобил се забил во дрво, викнавме брза помош и полиција, глетката беше ужасна, раскажува сведок на несреќата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

22.02.2022 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега