Автомобил прегазил малолетничка на пешачки премин во Арачиново

На 01.02.2023 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(24) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од истото село.

Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

02.02.2023 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега