Автомобил на МВР се судри со мотоцикл: Повредено младо момче

На 21.08.2024 во 22.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат од с.Р’жаничино кон с.Коњари, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, и мотоцикл управуван од С.Р.(23) од с.Долно Коњаре, скопско, информира МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид изршила екипа од СВР Скопје.

22.08.2024 - 17:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега